Македонија
23. March 2019 - 16:49

Ќе се гради патот во индустриската зона во Пехчево

Потпишан договор помеѓу Центарот за развој на источно планскиот регион и општина Пехчево, за изградба на пат во индустриската зона „Чуката“. Целиот инфраструктурен зафата ќе чини 2, 8 милиони денари. 2, 5 милиони се обезбедени преку Бирото за рамномерен развој и  Министерствот за локална самоуправа.

Се работи за дополнителен проект, којшто е обезбеден од заштедените средства од позитивните електронски аукции. - изјави ДРАГИЦА ЗДРАВЕВА, ДИРЕКТОР НА ЦРИПР

Останатите 300.000 денари ќе ги кофинансира општината. Во зоната веќе функционираат 10 индустриски капацитети со вкупно околу 400 вработени.

-Тоа значи и дополнителен инпут за нови инвеститори, коишто се во најава, а ќе значи и нови работни места, со што ќе го намалиме бројот на невработени лица во општината и се разбира и во регионот.- изјави ДРАГАН ТРЕНЧЕВСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

Покрај стопански објекти со кои ќе се намалува бројот на невработени, кој во моментот во општината изнесува околу 700 лица, во индустриската зона приватен инвеститор најавува и изградба на спортски комплекс, инвестиција од над 2 милиони евра.