Македонија
31. January 2017 - 18:33

Ќе се гради ново основно училиште во Хиподром

Министерството за образование и наука почна тендерска постапка за избор на најповолен понудувач за изградба на ново основно училиште „Вера Јоциќ“ во Хиподром.

Општина Гази Баба соопшти дека активностите на терен ќе почнат по изборот на најповолната понуда и по склучувањето на договорот со соодветната градежна компанија.