Македонија
11. March 2018 - 19:33

Ќе се гради ли регионална депонија во Дебарца

Се уште неизвесна локацијата за изградба на регионална депонија. Државата ќе го превземе од општините  управувањето со цврстиот  отпад најави Заев на средбата деновиве со градоначалниците и им порача да ги прифатат предвидените локации.

Првиот човек на Дебарца Ногачески вели дека е против изградба на депонија во Годивје и дека останува на страната на граѓаните бидејќи целата област претставува своевиден споменик на природата и се наоѓа во сливот на Охридското езеро кое е заштитено од Унеско.

И додека предвидената локација кај Годивје останува спорна , согласно регионалниот план за отпад отпочната е постапка за изградба на депонија треба само да се утврди начинот на кој таа ќе функционира дали ќе биде концесија или јавно приватно партнерство.

Инаку граѓаните на Дебрца на референдумот одржан заедно со локалните избори минатата година се изјаснија дека се „против“ плановите за изградба на Регионална депонија за цврст отпад во атарот на селото Годивје.