Бизнис
22. February 2017 - 16:30

Ќе се формираат Центри за вработување на лица со хендикеп

Лицата со хендикеп се присутни на  пазарот на трудот, но не доволно. Низ годините ситуацијата е подобрена но сеуште постои нивна дискриминација при вработување .Мал е бројот на  фирми кои ги ангажираат, најчесто се вработени во заштитини  институции како печатници.

За да се зголеми  нивната присутност и во државниот и во приватниот сектор, здружението Полио Плус заедно со бизнис секторот, Агенцијата за вработување и министертвотот за труд ќе формираат Центар за вработување на лица со хендикеп каде преку програми  тие ќе се  стекнат со знаење и вештини. Изготвен е и нов закон со кои во сите претпријатија ќе има одредена квота за вработување на ова акатегорија граѓани.

Во однос на правата на лицата со хендикеп Македонија не заостанува во регионот, но е далеку од она што го имаат  направено  државите во Европа.

Македонија се уште нема евиденција за тоа колкав број на лица со хендикеп се на пазарот на трудот, но според некои  анализи кои ги имаат направено надлежните институции,  низ годините нивнотот присуство на пазарот на трудот е зголемено.

Според  светска здравствена организација  во Македонија 10 проценти се лица со хендикеп.