Ќе се евакуираат 70.000 жители на Франкфурт поради бомба од Втората светска војна
Германската полиција в недела ќе изврши евакуација на околу 70.000 жители на Франкфурт поради демонтирањето на една неексплодирана бомба од Втората светска војна.
Масовната евакуација е означена како најголема таква операција во Германија по завршувањето на војната од пред 72 години.
Бомбата е британска и е тешка 1,4 тони и ја исфрлиле авионите на британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) во текот на борбените операции над германската територија.
Бомбата која Британците ја нарекувале „блокбастер“ доколку експлодирала кога биле фрлена би уништила неколку квартови од Франкфурт.
Откриена е во близината на Универзитетот „Гете“ на околу 2,5 километри од строгиот центар на градот и неговата трговска зона.
Со планот на евакуацијата се опфатени и Универзитетот, Централната банка, како и болниците.
Експерти ги уверуваат граѓанте дека бомбета сега не претставува опасност.
Неексплодирани бомби често се откриваат низ Германија
Минатата сабота операција за евакуација на 20.000 луѓе беше изведена во Кобленц, а во мај годинава, околу 50.000 жители на Хановер беа евакуирани откако беа пронајдени три британски, неексплодирани бомби од Втората светска војна.
Ново на Сител
-
Уапсени двајца дилери на хероин од Прилеп
-
Човек стави дете во контејнер за донации кај „Сити мол“ | ВИДЕО
-
БиХ: Жена со Ковид-19 загина во пожар во ковид-центар
-
Принц Едвард: Смртта на принцот Филип остави голема празнина во животот на британската кралица
-
Првиот контингент американски војници за вежбата „Дифендер 21“ пристигна во Тирана
-
Полицискиот час во Албанија од утре се намалува за два часа
-
Села: Некој не зел плата два месеци, а граѓаните без државјанство не зеле 30 години
-
„Гардијан“: Најголемото жариште на бразилски сој П1 е во Канада