Ќе се брендира мариовскиот мед
Многу често, продавачи на мед го користат името Мариовски мед, иако истиот е произведен во друг регион. Токму заради сузбивање на нелојалната конкуренција, во тек е процедурата за брендирање на Мариовскиот мед за чија цел се изработува елаборат, а иницијативата е на Еколошкото друштво „Кајмакчалан“ од Маково.
-Не ќе можат повеќе колеги пчелари кои не пчеларат во Мариово да продаваат мариовски мед. Тоа ќе го стопираме да бидат уверени. И препорачувам на многу колеги кои се во такви подрачја да почнат таа процедура да ја започнат и да се брендираат производите. Потрошувачите ќе се запознаат и ќе знаат од каде е потеклото на медот, вели Менде Трајковски, претседтел на еколошко здружение Кајмакчалан.
Во прилог на брендирањето е и сребрениот медал за еколошкиот мариовски мед од село Маково кој пчеларот Менде Трајковски го доби на Меѓународниот саем за храна и земјоделство АГРА во Словенија во конкуренција од 147 примероци на мед од Европа.
Токму пределите на Мариово се едно од најчистото и незагадено подрачје погодно за одгледување пчели.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар