Македонија
18. May 2016 - 13:48

Ќе се асфалтираат десет улици во кочанските села

Со финансиски средства од Буџетот на Општина Кочани за асфалтирање се подготвени десет улици чија поединечна должина изнесува стотина метри.

- За асфалтирање се подготвени улиците во населените места Оризари, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци и Грдовци во полскиот дел од општината. Паралелно со ова се врши реконструкција на крак од улицата „Маршал Тито“ во село Прибачево каде што постојниот асфалтен слој е отстранет и на негово место ќе биде поставен нов, изјави денеска на прес-конференција Драги Илијевски, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште во општината.

Според Илијевски, наредните денови ќе следи подготовка за асфалтирање на две улици во градот и една во селото Тркање. За реализација на овој градежен зафат ќе бидат инвестирани три милиони и 900 илјади денари, средства обезбедени од Буџетот на општината.