Ќе продолжи ли судскиот процес за ТНТ, нема одговор од судскиот совет на барањата на бранителите
Одбраната во случајот ТНТ останува на ставот дека судењето не може да продложи со поротник чиј мандат завршил..
Адвокатот Еленко Миланов смета дека со тоа се согласил и судот кој побарал да не доаѓа поротникот во предметот Ласкарци а бил избран во исто време како и Кочковска..
„Судијата поротник не може да постапува после истекот на мандат.. Тоа се потврди и со така завземениот став од самиот суд во однос на друг судија поротник кој што е избран на истиот датум и од истиот датум започнал да ја обавува својата функција а е прекинато неговото работење од 8 јануари во предметот „Ласкарци. Сметам дека разумот мора да надвладее, во конкретниот случај не би смеело да продолжи ова судење а се надевам дека во таа насока ќе излезат и другите судски институции, посебно судскиот совет“, вели Еленко Миланов, aдвокат.
Одлука на советот очекува и адвокатот Даути..
„Во текот на утрешниот ден охрабрете се, не потклекнувајте на никакви притисоци, закани, уцени или ветувања.. Донесете законите одлука во интерес на владеење на правото“, пишува Мерџан Даути, Адвокат..
Од судскиот совет пак уште на крајот од минатиот месец најавиа дека седницата на која ќе се одлучува за мандатот на поротничката ќе одржи на 27 јануари..
До овој период пак судот закажа секојдневни рочишта за ТНТ на кои ќе присуствува и поротникот чиј мандат завршил..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар