Балкан
13. August 2016 - 9:38

„Ќе почувствуваш машка рака на себе“ - педофилот Драган вака мамел девојчиња

Во несекојдневна акција на полицијата уапсен е педофилот Драган Ж. (66) кој преку Фејсбук закажал средба со 11-годишно девојче, не знаејќи дека е измамен и дека цело време се допишувал со нејзината мајка.

Всушност благодарение на храбрата мајка, која седум дена се допишувала со манијакот, педофилот е измамен и уапсен.

Foto: Facebook

ФОТО: Facebook

Инаку, една од првите пораки кои ги испратил е со вознемирувачка содржина:

-Убав поздрав до тебе...Многу си убава и посебна. Би сакал подобро да се запознаеме, ако си радознала - имам некои многу добри приказни за тебе...Интригантни... Посебни - напиша монструмот во првата порака преку Фејсбук, не знаејќи дека се допишува со мајката на девојчето.

-Фармерките ти стојата совршено...Многу си љубопитна за твоите години. И навистина изгледаш екстра, посебно одзади. Веројатно уште не си почувствувал машка рака на себе, напиша педофилот.

Printskrin: TV Pink

Педогилот продолжил да испраќа пораки, пишувајќи за сексуалните фантазии и и предлагал средба ветувајќи незаборавни мигови и дури и испраќал фотографии од својот полов орган.

Драган Ж. се претставил дека е 11 години помлад, говорејќи дека е разведен и дека има две постари ќерки.

Погледнете како изгледаше апсењето на овој педофил, забележано од камерите на ТВ Пинк.