Македонија
12. November 2019 - 11:02

Ќе организирал семинари во Маврово и Берово - еве како скопјанец измами неколку лица

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава против Ќ.С.(31) од Скопје и други лица, поради постоење основи на сомнение дека извршиле три кривични дела „измама“, при што се стекнале со противправна имотна корист.

Во периодот од 3. до 5. овој месец едно лице, претставувајќи се како организатор на семинари за стрелаштво, летање со параглајдер и алтернативен туризам во хотели во Берово и Маврово, од три лица, телефонски побарал пари на заем за набавка на разна опрема и материјали за одржување на семинарите.

Парите ги земал преку Ќ.С., на различни локации на територија на град Скопје.

На 5. овој месец полициски службеници го лишиле од слобода и привеле Ќ.С., а било извршено и негово препознавање од страна на оштетените.