Македонија
13. August 2016 - 12:40

Ќе одговара и за убиство, почина силуваната мајка

Полицијата соопшти дека 75-годишната старица С.Т. која завчера ја силуваше родениот син С.Т. (48) починала вчера околу 15.00 часот.

Против осомничениот син од с.Градашорци, струмичко, полицијата тогаш поднесе кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „родосквернавење“. 

Пријавениот околу 02.00 часот ноќта во семејната куќа во која живеел заедно со неговата беспомошна и болна мајка, истиот под дејство на алкохол извршил полов напад врз неговата мајка.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција.