Ќе кажеме збогум на студот - еве што не чека
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со почести сончеви периоди кон североистокот на земјата. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Наутро по котлините ќе има појава на магла.
Утринската температура ќе се движи од минус 11 до еден, а дневната од нула до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде слично. Наутро ќе има услови за појава на магла и ниска облачност која преку денот ќе се намалува. Во попладневните часови ќе има и почести сончеви периоди.
Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до два степена.
До четврток ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди почесто на истокот од земјата, а по котлините ќе има појава на магла. Од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег претежно во западните делови. Температурата во овие денови ќе има тенденција на пораст што ќе предизвика топење на снежната покривка.
Ново на Сител
-
Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд на целата територија на земјата
-
Зеленски по самитот во Париз: Русија не сака мир, туку уште територија
-
Макрон: Не може да има укинување на санкциите за Русија пред да се воспостави мир во Украина
-
Синдикатот на УПОЗ со поддршка на ранетата службеничка и на вработените во ЦСР-Прилеп, најавеното обезбедување што побрзо да се реализира
-
Стартува новата авиолинија од Истанбул до Охрид
-
Штипска Апелација за жалбите на Обвинителство за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници ќе одлучува утре
-
Украина го обвини главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид
-
Фудбалски судија пријавил напад од голман и физиотерапевт од Влазрими Кичево