Македонија
26. December 2016 - 16:32

Ќе ја даде ли Заев најавената неотповиклива оставка?

СДСМ и нивниот претседател Зоран Заев без официјален став по вчерашното официјализирање на изборните резултати. Засега е неизвесно дали Заев ќе го одржи дадениот збор пред 11 декември, кога најави целосно повлекување од политичката сцена доколку ги загуби изборите и само со еден глас.

Минатата недела Заев се повлече од функцијата градоначалник на општина Струмица поради извршување на друга политичка функција, без да прецизира дали тоа значи дека ќе биде пратеник во следниот парламентарен состав.

Големо незадоволство меѓу партиското раководство предизвика и вчерашната прес-конференција со која Државната изборна комисија го потврди изборниот пораз на СДСМ. Преку жестока кавга на социјалните мрежи членовите на СДСМ ја искажаа својата разочараност и побараа одговорност од Заев.  

Љупчо Палевски, некогашниот претседател на градската организација на социјалдемократите и близок пријател на екс-лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, со остри критики на својот facebook профил напиша:

Со бомби, пола свет во поддршка со кеш и цела ЦИА позади да изгубиш избори, а притоа да објаснуваш дека си победил е потценување на граѓанството. Ќе заборавев и Левица е крива, сите ви се криви.

Вакви дволични има секаде, од таа приватизација народот уште ги мрази сдсм.

За да скопјани бидат масовни, ти треба градска организација, а не селска, се само дел од коментарите од незадоволното членство на СДСМ на социјалните мрежи, откако стана јасно дека партијата на чело со Заев останува во опозиција.