Македонија
18. November 2015 - 18:21

Ќе имаме ли за снег до крајот на неделата? - Еве какво време не очекува

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла.

Температурата ќе се движи од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла.

Температурата ќе достигне до 20 степени.

До петок ќе преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во сабота и недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во северозападните и западните делови, каде на повисоките планини ќе има услови за повреемени врнежи од снег.