Македонија
26. November 2018 - 16:55

Ќе имаат ли ефект „еко-налепниците“, или и тие ќе бидат уште еден финансиски трошок за граѓаните

Еколошката категоризација на возилата може да ги даде истите негативни ефекти како и мерката за зголемување на давачката за користење на јавни патишта во 2013та година која требаше да донесе поголема безбедност во сообраќајот. Исто како и ланската мерка за зголемувањето на акцизата за нафтата за 3 ипол денари со цел да се намали употребата на дизел горивата. Граѓаните повторно возат на дизел а државата по една година не информираше дали и какви ефекти донесе ова  покачување кое во буџетот донесе дополнителни  30тина милиони евра. Експертите сметаат дека еко налепниците не би го намалиле загадувањето туку би значеле само поголем финансиски товар за возачите.

Законот за возила е веќе во собраниска процедура. Старите налепници што се добиваа при регистрацијата ќе се заменат со нови, во зелена, жолта или црвена боја во зависност од степенот на штетни гасови што ги испушта автомобилот. Во деновите на екстремно загадување ќе стапи на сила и забраната за  возилата кои ќе бидат маркирани како загадувачи . Измените предвидуваат и казни за непочитување за движење, како и за техничките слжужби кои ќе работат спротивно на пропишаните норми .

Министерот за економија најави нов јавен повик за печки на пелети кој почнува од денсска се до 12 декември кој предвидува субвенционирање на дополнителни 230 печки за домаќинства.  Пред почетокот на следната грејна сезона пак Крешник најави помош од министерството во висина до 300 евра,  за вградување на уреди за плин и метан во автомобилите .

Утре на јавна расправа во комисијaта за транспорт и врски и екологија , пратениците ќе дискутираат за енормнното загадување. Додека се бараат соодветните решенија, Македонија со загадување 10пати повеќе од препорачаните нивоа, е најзагадена земја во Европа покажаа податоците на Европската агенција за животна средина.