Македонија
17. January 2019 - 16:57

Ќе имаат ли ДУИ и СДСМ заеднички консензуален претседателски кандидат?

Ќе добие ли Македонија консензуален претседателски кандидат? Од владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ велат дека преговорите се уште се во фаза на констулации и анализи, но за разлика од СДСМ, од ДУИ потврдуваат дека договор за заеднички кандидат за шеф на државата  дефинитивно има и дека конкретните преговори со владејачката партија во македонскиот блок почнуваат утре.

Прашањето дали ќе се оди со заеднички кандидат со ДУИ, или кои се можните кандидати на претстојните претседателски избори се уште не е отворено. Сите опции засега се отворени, велат од СДСМ.

Идејата за консезуален кандидат неодамна целосно ја поддржа и премиерот Заев, велејќи дека потребен е претседател на државата зад кој ќе застанат сите.

Евентуалниот заеднички кандидат на СДСМ и на ДУИ, за гласовите на граѓаните ќе се бори со кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, од каде уште еднаш стигна потврда за нивно учество на претседателските избори

Пријавувањето за кандидати на конкурсот на ВМРО ДПМНЕ трае до 31 овој месец. Шпекулациите за тоа кое име ќе биде претендент за шеф на државата ќе траат до средината на наредниот месец, за кога е закажана партиската конвенција.