Македонија
1. August 2019 - 16:33

Ќе има судење и за случајот Талир 2

Случајот на СЈО за изградбата на „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ стаса до Кривичен. Судот го одобри обвинението.

Тоа значи дека на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата  Кирил Божиновски ќе им се суди за незаконска изградба на седиштето на партијата.

Засега не се знае кој судија ќе го води предметот-допрво ќе се определи со Акмис-системот.

„Талир 2“ е продолжение на „Талир“-судење кое се однесува на незаконско финансирање на партијата, а за кое обвинение судот даде зелено светло пред 6 месеци. Но од тогаш, иако дел од обвинетите 9 пати седнаа на обвинителна клупа, не се оддржа ниту едно рочиште.

Кога ќе продолжи ова судење, но и тоа дали ќе има датум за прво рочиште за Талир 2, ќе се знае по судската ферија, во септември.

Талир е единственниот предмет на СЈО кој стаса до рацете на судиите, со обвинение поднесено по рокот од 30 јуни 2017 година. Ова беше една од причините Врховен да одлучи  дека Катица Јанева не смеела да отвара нови истраги и да покренува обвиненија по истекот на рокот. И во овој случај обвинети се Груевски и Божиновски, но и поранешниот министер за транспорт и врски Миле јанакиевски кој до неодамна штрајкуваше со глад во притвор, пратеникот Илија Димовски, како и самата партија.

Талир 2, пак,  доаѓа во време кога власта  и опозицијата ги приближија ставовите околу Законот за СЈО. Сепак,ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува на ставот дека Специјалните јавни обвинителите треба да ги предатат предметите на ЈО.