Македонија
27. October 2021 - 21:12

Ќе има ли зимско сметање на времето оваа година?

Стрелките на часовникот и годинава ќе се вратат еден час наназад. Промената ќе се прави претстојниот викенд. Во Европската Унија засега нема согласност да се стави крај на сезонските промени на времето. Според предлогот, државите сами треба да одлучат во која положба ќе го остават часовникот. Одлуката на земјава ќе зависи од праксата на ЕУ.

Предлог-одлуката за прекинување на сезонските промени на времето е во фаза на  одобрување од страна на Советот на министри. Со оглед на тоа што сѐ уште не усвоена во ЕУ, Република Северна Македонија останува да ја применува и е усогласена со старата директива со летно и зимско сметање на времето согласно Законот за сметање на времето.

Летното сметање на времето За Бизнис заедницата е поприфатливо бидејќи нудело поголема продуктивност. Очекуваат државата да прифати сметање на времето кое нема да ја наруши комуникација со компаниите од европскиот континент.

Зимското сметање на времето според психолозите предизвикува сезонска депресија. Велат, подобро е летното сметање на времето бидејќи, недостигот од дневна светлина го зголемува чувството за поспаност.

„Ако сме помалку изложени на сонце, нивото на мелатонин, тоа е хормонот повразан со сонот, со спиењето, тоа е хормон кој што го регулира сонот. Нивоата на мелатонинот се поголеми. Тоа значи дека телото се спрема за сон. Се спрема за спиење и тогаш сме многу повеќе во меланхолична состојба, имаме чувство на блага измореност и мислите ни се поспори, се успорува целиот процес – се спремаме за сон“, вели Зоран Костов, Психолог.

Поместувањето на стрелките на часовникот се применува од 1970-та.