Ќе има ли Реал доволно пари за Азар?!
Ќе има ли доволно Пари Реал Мадрид за трансферот на Еден Азар, откако управата на Челзи одреди астрономска сума од 130 милиони фунти, јавуваат дел од англиските медиуми.
За Реал ова е преголема сума, посебно ако се знае дека Белгиецот има само уште една сезона од договорот со „сините“, што значи дека следното лето ќе биде слободен да си замине без никаква отштета.
Челси имаа две просечни сезони по освојувањето на Премиер лигата во 2017 година, по што беа само петти следната сезона, за оваа година да завршат на третото место и да обезбедат место во Лигата на шампиони. Нив ги очекува дуел со Арсенал во финалето на Лига Европа следната недела.
28-годишниот Азар повторно беше еден од најдобрите фудбалери на клубот од западен Лондон, но шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид повторно се појавија откако се веруваше дека тој ќе направи трансфер лани по Светското првенство во Русија, каде што со Белгија го освои третото место.
Зинедин Зидан најверојатно веќе се откажа од Герет Бејл ако се земат во предвид неговите последни изјави, и Азар би бил совршена замена за него, посебно ако се знае дека Зидан е љубител на играта на Азар. Но, Реал ќе треба добро да искешираат ако сакаат ова да стане реалност.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората