Македонија
10. July 2019 - 16:58

Ќе има ли предвремени избори? - ДУИ смета дека мај 2020 е добар термин

Втората половина на мај, почетокот на јуни или пак, октомври наредната година се добри термини за одржување на предвремени парламентарни избори, сметаат од владејачката ДУИ иако за тоа се уште не разговарале со колицискатиот партнер СДСМ.

Ставот на ДУИ доаѓа откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ по скандалот со телефонската измама на премиерот Зоран Заев испорача ново барање за предвремено граѓанско изјаснување.

Од друга страна од пратеничката група на СДСМ се уште стојат на ставот на послендиот централен одбор дека предвремени избори не се во интерес на државата, но нагласуваат дека кога и да се случат избори ВМРОД-ПМНЕ ќе доживее пораз.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се уште нема одлука да поднесе иницијатива за распуштање на парламентот, но не исклучуваат таква можност.

И опозциската БЕСА вели дека е дојдено време за предвремени избори.

И од Алијансата на Албанците коментираат дека тие подолго време инсистираат на избори.