Бизнис
27. October 2019 - 16:43

Ќе има ли одложување на примената за субвенции за повисоки плати - Законот го нема во собраниска процедура

Доцни носењето на Законот за субвенционирање придонеси, за газдите кои ќе ги зголемат платите на вработените. Најавен дека ќе стартува од 1 ноември, законот, каде владата ќе ги плаќа придонесите, освен персоналец,  не е влезен ниту во Собраниска процедура., по што треба да биде  објавен и во  Службен весник.

Зошто се доцни, од Владата нема информации, од   Министерството за труд, како предлач,  со став дека  тие  си ја завршиле нивната работа. . Се додека не се донесе, од бизнисот велат дека не можат да ги зголемат платите на вработените.

Немаат ни информација каде ќе се аплицира за користење на субвенциите, ниту пак некој ги контактирал да им ја објасни процедурата  .

-Ние како бизнис заедници немаме ни информации , ниту Правилник како и каде треба да се аплицира. Претпоставувам дека во Управата за јавни приходи, која треба да е поврзана со министерството за труд, како предлагач на Законот, изјави Миле Бошков, Бизнис Конфедерација

За да се спречи иселувањето на работната сила  поради ниските плати, Владата одлучи да ги плаќата придонесите за  работодавачите  кои ќе ги  покачат платите од 600 до 6,000 денари на вработените. Мерката ќе се применува 3 години. Од  неа зависи и зголемување на минималната плата, која треба да стартува од декември. Бизнис заедницата истакна дека не може да исплаќа повисок минималец без државна помош, пособно во трудоинтензивните дејности .

Двата закони се комплементари, со висат повисоките плати за околу  90 илјади работници . Експертите пак советуваа дека законите се  популистички, бидејќи имаат ефект само на краток рок.

- Јас сум против носењето на вакви популистички мерки, кои влијаат врз гласачите и носат бенефит само на краток рок, но на долг рок не носат резултати, изјави Зоран Ивановски, универзитетски професор

Затоа експертите порачуваат  - секое зголемување на платите да биде на реална основа, односно  да се следи стапката на  раст на економијата и растот на продуктивноста на вработените.