Бизнис
23. July 2020 - 15:30

Ќе има ли одложување на плаќањето на кредитите?

Постои ли можност и во земјава, слично како и во Србија, да се одложи плаќањето на кредитите и после септември. 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарал со гувернерот на НБС, Јоргованка Табаковиќ, за дополнителен мораториум за отплата на кредитите од одредени услови, како за физички лица, така и за компаниите, барем уште два месеци.

Од македонската банкарска асоцијација велат дека уште е рано да прогнозираат како ќе се одвиваат настаните по октомври кога завршува мерката. 

Со владина уредба на стартот на корона кризата беше одложено плаќањето на ратите за кредитите за фирмите и граѓаните до 01 октомври. 70% од граѓаните ја користат мерката.

 

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова