Македонија
7. February 2021 - 21:17

Ќе има ли нови протоколи за пописот? Како до безбедна статистичка операција од здравствен аспект?

Ќе се носат ли нови мерки и протоколи со кои ќе се спроведува теренскиот дел од пописот?

Заводот за статистика веќе ги стартуваше подготовките за пребројување на населението, но засега без конкретни насоки  од здравствените власти.

Комисјата за заразни болести се уште нема распаравано за ова прашање, извори оттаму посочуваат дека до овој момент вакво барање до нив не е пристигнато.

Директорот на државниот завод за статистика во телефонски разговор за Сител вели дека веќе одржале една средба со министерот Филипче од кого добиле уверување дека во текот на следната недела ќе добијат конкретни насоки и протоколи за заштита и на попишувачите и на граѓаните.

Со оглед дека пописот ќе се одвива теренски, доктор Пановски смета дека оваа операција може да се одложи за еден до два месеци за граѓаните да се чувствуваат побезбедно кога попишувачите ќе им тропнат на врата.

Можноста за одложување на пописот за еден до два месеци претходно ја отворои и премиерот Заев по повикот од претседателот Пендаровски.

Последниот збор дали пописот во април ќе биде безбеден за здравјето на граѓаните ќе го имаат здравствените власти.

Според протоколите кои државната статистика ги објави во петокот, попишувачлите на терен нема да минат низ ковид тестирања, туку само ќе носат заштитна опрема.