Македонија
19. January 2020 - 16:42

Ќе има ли лидерска средба? Спасовски ги повика ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на одговорно однесување

Нема лидерска средба се додека работните групи не ги доближат ставовите за Законот за јавно обвинителство. лидерот на опозициската партија вели дека нема намера да присуствува на средба која нема да има никаков ефект без претходно усогласување.

Според лидерот на СДСМ пак следната недела ќе биде идеален термин за одржување на средба со Мицкоски, за овој собраниски состав  да има време да го донесе законот за јавно овбинителство во текот на февруари.

И техничкиот премиер Оливер Спасовски ги повика на одговорност и владејачката и опозицискиата партија, бидејќи вели дека ова законско решение е важно за европската идинана на земјава.

- Ќе направиме сè во наредниот период да работиме сите заедно и сметам дека секој од политичките субјекти треба да биде на висина на задачата. Да разговараме и да изнајдеме решение, со цел да ги оствариме нашите национални интереси, а тоа и членството во НАТО и во Европската Унија, истакна Спасовски.

Според најавите во текот на следната недела ВМРО-ДПМНЕ јавно ќе го соопшти и својот став во однос на последниот предлог текст кој им беше доставен пред три дена, по што ќе следат и нови разговори помеѓу работните групи на власта и опозицијата. Ако двете страни постигнат конечен договор спикерот Џафери веќе најави дека Собранието е подговено Законот за јавно обвинителство да го стави и на собраниска седница пред најавеното распуштање на 11 февруари.