Македонија
31. July 2017 - 22:03

Ќе горат небото и земјата: Од утре Македонија во жолта фаза

Претежно сончево и многу топло време со температура која на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени продолжува и во наредните денови. Во поголемиот дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35 степени, а УВ индексот ќе биде многу висок со вредност девет.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде во жолта, а в петок и в сабота одредени региони од земјава ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на предупредување од топлотни бранови. Се препорачува внимателност во шумските региони поради постоење потенцијална опасност од шумски пожари. В сабота спрема недела се очекува да има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.