Македонија
14. May 2021 - 16:38

Ќе го следи ли Македонија примерот на САД кои ги укинаа маските за вакцинираните?

Маските на отворено остануваат задолжителни дури и за вакцинираните против Ковид 19 со две дози. Министерот за здравство смета дека се уште е рано да се тргне ваквата препорака. За ова мерка ќе се разговара идната недела на состанокот на Комисијата за заразни болести. Филипче најави дека ќе се земе во предвиод и топлото време. Во меѓувреме во САД за комплетно вакцинирани се укина носењето маски и во затворени простории, но сепак остануваат задолжителни во болниците и на местата каде има гужви.

- Прво треба да се тргне препораката за носење маски на отворено, па евентуално да се размислува за тоа вакцинираните со две дози да не носат маски на затворено. Еве реално е дека многу граѓани навистина и во парковите не се придржуваат до таа мерка. Лично сметам дека е рано се уште. Сепак е потребен поголем опфат со вакцинација, меѓутоа во исто време треба мерката да има логика, топло време итн, изјави министерот Филипче.

Барањата на Независната угостителска комора меѓу кои да не се ограничува бројот на лица од една фамилија на една маса, да се дозволи жива музика и свадби, Филипче рече има логика во дел од забелешките на угостителите, но треба да го слушне ставот на експертите и членовите на Комисијата за заразни болести.

- Има логика да се зголеми бројот на гости  на масите, рече Филипче.

По информациите дека во земјава регистрирани се јужноафрикански, нигериски и други мутации на Ковид,  министерот рече дека дека се работи за поединечни и изолирани случаи, а и понатаму доминантен е британскиот сој кој го предизвика и третиот пооопасен бран го голем број заразени, хоспитализирани и починати од компликации од Ковид-19.