„Ќе дојдам сабајле, како камион да ме згазил“, на денот на грабнувањето Палчо тврдел дека е настинат
На 27 ноември минатата година целиот ден го барав на „Фејсбук“ за да ми го среди парното, поточно котелот, но ми рече дека е настинат. Дојде следниот ден, но не ми кажа каде бил претходниот, објасни на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведокот Ерол Османи, пријател на првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо.
- Ќе дојдам бе сабајле, одма сум подобар, како камион да ме згазил, му напишал Палевски на Османи на 27 ноември во вечерните часови.
Според сведокот, кај Палевски не забележал ништо невообичаено во однесувсњето кога дошол кај него дома.
Но, забележал дека на возилото со кое дошол била удрена вратата од возачката страна.
- Никогаш не забележав да носи пиштол, рече сведокот.
Кога дошол кај пријателот Палчо го отворил редукторот и го поправил парното.
- Палчо дури и не ми зема пари за сработеното, се присети Османи.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно, повремен снег во западните делови
-
Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари
-
Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили
-
Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче
-
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
-
Исчезна 13 годишно девојче од Куманово
-
Шекеринска одржа прием и им се заблагодари на сите чинители за поддршката