Бизнис
30. October 2019 - 19:40

Ќе доцни примената на Законот за субвенционирање придонеси за повисоки плати

На 2 дена пред најавениот старт, Законот за субвенционирање придонеси, за газдите кои ќе ги зголемат платите, се уште не е донесен. Владините служби го доставиле до Собрание, ќе се гласа по итна постапка, на  5 ноември. Но, подзаконските  акти ќе се донесат во рок од 15 дена. Ова значи  дека работниците не можат да добијат повисоки плати во ноември, бидејќи во пресметките за плата дури по стапување на сила, ќе се обезбеди посебна графа за ослободување од прединеси за пензиско и здравствено осигурување.  Работодавачите велат – се додека не се донесе – зголемување не може да има .

– Од ова се гледа колку на Владата и е важна економијата. Во законот пишува дека ќе важи за октомвриската плата, која ќе се добие во ноември. Но законот, ако не е донесен во ноември., значи дека ќе се згоелмат платите дури во декември, изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

За да се мотивираат вработените да останат на работа и да се спречи иселувањето, Владата одлучи да ги плаќа придонесите , освен персоналецот, за работодавачите кои ќе ги зголемат платите до 6,000 денари. Димитров вели дека интерес кај фирмите има. Посебно за тие што треба да исплаќаат повисок минималец од декември. Но ако еден месец се доцни со овој закон, не е исклучено да се доцни и со зголемување на минималната плата.