Џет-Сет
13. јуни 2018 - 11:20

Ќе добие бебе со 15 години помладо момче - Српската пејачка бремена на 41 година

Според лекарските аналази, познатата пејачка е во седма недела од бремноста.
 
Гога Секулиќ ќе добие дете со 15 години помладиот свршеник Урош Домановиќ, со кого веќе две години живее во Цирих.
 
Иако во семптември претходната година сакаше да оди на вештачко оплодување, сепак остана бремена на природен начин.
„Недела дена и доцнеше менструалниот циклус, а додека беше на одмор на Кипар, секој ден чувствуваше вртоглавици. Прво мислеше дека е поради умор, но нешто не и даваше мир. Кога дојде во Белград, отиде во аптека и се пожали на фармацевтката. Таа ја посоветува да купи тест за бременост. Така и направи, а резултатот беше позитивен„ изјави извор за  српски „Курир“ и додава дека Секулиќ веднаш закажала преглед кај нејзината докторка во Цирих.
 
„Утредента кога пристигна во Швајцарија, им ја соопшти веста на Урош и нејзината сестра кои заплакаа од среќа. По два дена Гога беше на гинеколошки преглед и ја потврди бремноста, вели изворот.