Македонија
3. September 2021 - 16:35

Ќе биде ли успешна коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците?

И премиерот Заев и неговиот прв заменик Груби ја оценија како неприродна коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива. Премиерот Заев вели дека е нејасно како гласачите на Алијанса и Алтернатива ќе поддржат кандидат на ВМРО-ДПМНЕ партија чија антиалбанска кампања кулминираше со упадот во Собранието на 27 април. Очекува граѓаните да препознаат дека оваа коалиција е само за партиски интерес заради желбата за моќ и да не ја дадат својата поддршка.

На иста линија е и првиот вицепремиер. Груби вели дека со нетрпение го очекува денот кога овие две партии ќе си разменат гласачите.

Од опозицијата пак го потсетуваат Груби на деновите кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беа во коалиција.

Ги паметиме со насмевка деновите кога Артан Груби секојдневно беше дел од ентериерот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а при таквите посети не можеше да го сокрие неговото воодушевување .

Воедно Артан Груби важи и за еден од првите најбрзи пратениците кога на времето го притискаше копчето за гласање на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Криминалната коалиција СДСМ - ДУИ ќе доживее тежок дебакл, се вели во нивното соопштение.

Мицкоски, Села и Гаши го офизицијализираа заедничнкиот настап на претстојните избори пред 7 дена, што воедно е и прва предизборна коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со албански партии. Според првичниот договор ВМРО-ДПМНЕ нема да има свој кандидат онаму каде ќе имаат Алијанса и Алтернатива и обратно, но детали за кои општини ќе си  дадат меѓусебна поддршка се уште нема.