Македонија
17. December 2017 - 16:07

Ќе биде именуван нов амбасадор во Брисел- постигнат договор меѓу Владата и претседателот

По една година конечно и Македонија ќе добие амбасадор во Брисел, а оваа недела се очекува да биде откриено неговото име. Имено, Валадата и претседателот Иванов се договориле тоа да биде дипломат од кариера. Освен во Брисел, пополнети ќе бидат и уште 7 амбасади, меѓу кои тие во Лондон и Париз.

според информациите од МНР, од вкупно 57 дипломатско-конзуларни претставништва, во моментов без амбасадори се 20, а во првата половина од наредната година им истекува мандатот уште на 15.

Редоследот на пополнување на амбасадорските места, според извори од МНР, ќе зависи од приоритетите и од потребите на земјата. 

Од МНР велат дека ќе настојуваат во рамките на надлежностите да го поместат балансот во полза на дипломатите од кариера и професионалците, на сметка на партиските кадри. Во моментов од околу 440 вработени во МНР, две третини се во Скопје, а само третина во претставништвата. Интенцијата е соодносот да се изедначи, односно половината од кадарот да биде испратен во странство.