Кит Ричардс: Позајмувам облека од сопругата и ќерките
Легендарниот музичар Кит Ричардс, освен по своите вештини во свирењето гитара, отсекогаш е познат и по својот посебен стил на облекување, за кој сега откри од каде добива инспирација.
Ричардс во едно интервју се пожали дека за првата меѓународна изложба на „Ролинг Стоунс“, организаторите земале голема дел од неговара гардероба.
- Се уште ги носам тие проклети работи. Тоа не е историја за мене - тоа е мојата облека. Но, ќе најдам други. Ќе позајмам од мојата сопруга. И онака поголемиот дел од облеката што ја носам е нејзина, откри Ричардс.
Тој призна дека отсекогаш носел женска облека, уште од почетокот на кариерата во 60-те години на минатиот век.
Кит вели дека секоја девојка кој ја имал му ја позајмувала својата облека, а дури се менувал со гардеробата и со неговите ќерки.
Уникатниот стил на Ричард инспирираше многумина, вклучувајќи ги и холивудските продуценти, па по неговиот пример е направен и ликот на Џек Спароу во „Пиратите од Карибите“.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право