Џет-Сет
27. September 2016 - 16:21

Кит Ричардс: Повеќе никој не сака да се обложува на мојата смрт

Кит Ричардс долго време беше прв на списокот на славните чија скора смрт ја очекуваа обложувалниците, но од неодамна тој повеќе не се наоѓа на врвот на оваа листа.

- Поради мојот начин на живот и дрогирањето, секогаш ми „предвидуваа“ дека наскоро ќе починам. Но, сите што се обложуваа на мене загубија. Јас ќе ги пишувам вашите епитафи, а не вие моите, изјави гитаристот „Ролинг Стонс“.

Ричардс (72), сепак, признава дека по малку е разочаран што повеќе не котира високо во обложувалниците за датумот и начинот на кои ќе починат славните личности.

- Значи ли тоа дека станав здодевен? Или дека навистина сум бесмртен? Во секој случај, по малку ми е жал што таму повеќе не го гледам моето име, изјави рокерот.

- Пред неколку години еден лекар ми рече дека имам уште половина година живот и да се поздравам со саканите. Јас се уште сум тука, а него го погребавме. Му бев на погребот, изјави Ричардс.

Тој последната блиска средба со смртта ја имаше во 2006 година на Фиџи паднал од кокосово дрво и заврши на операција поради фрактура на черепот.

Кит тврдеше дека тогаш не бил под дејство на дрога, туку дека испил „само неколку пива“ и оти „Сонцето го удрило во глава“.

Пред тоа, Ричардс го удри струја на сцена, се прдозира, а боледуваше и од тешка форма на пневмонија. 

Гитаристот пред три години најави, дека ако смртно се разболи ќе замине на неговиот остров на Карибите.