Македонија
21. August 2021 - 17:02

Кисела Вода под вода

Обилните дождови им создадоа проблем на граѓаните на Кисела Вода.  Поплавени и непроодни улици беа забележани на неколку локации.  Екипите на општината заедно со Водовод  интервенираа , но проблемот, според градоначалникот , само привремено е решен. Слабиот капацитет на водоводната мрежа и немањето доволно атмосферска канализација е причината за поплавите  посоле секој пороен дожд.  За трајно решение – неопходни се инвестиции, но и поголема совест кај граѓаните

 Оваа водоводна мрежа не може да го издржи капацитетот на водате и неопходно ќе биде повеќе да се инвестира во атмосферска канализациај. Кога дојодов градоиначаник, само 23% имаше атмосферска канализациаја, сега има околу 40‘% , но тоа е премалку, затоа што има многу жители. Апелирам и грачаните да бидат посевесни и да внимааваат што фрлаат во канализацијата. изјави Филип Темелков, градоначалник на општиан Кисела вода.

Втор пат за месец и половина, дождот направи огромно свличиште на земјиште каде се одвиваат градежни активности. Изби канализациона цевка, која ги вознемири жителите на општината

Како атомска бомба два пати пукна. Излегов да видам – гледам, огромно свлечиште, Излегоа канализационите цевки се гледаат, ова се е канализациај, вели жител на општината.

Инвеститорот доби рок до понеделник да го санира проблемот. Во спротивно , општината ќе го затрупа теренот и ќе се наплати пенали од инвеститорот

Ко - инвеститоротот вети дека ќе со реши проблемот. Доколку не го стори тоа, во понеделник жителите најавија дека ќе го блокираат влезот и нема да му дозволат пристап до теренот , каде се гради зградата