Македонија
17. January 2022 - 11:23

Кирил Петков му ја честиташе инаугурацијата на Димитар Ковачевски посакувајќи и успех на новата Влада во Скопје

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе на Димитар Ковачевски стапувањето на должноста премиер на Република Македонија и и посака успех на Новата влада во Скопје.

– Очекувам да работиме заедно на нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на нашите билатерални односи, чиј развој е од голема полза за граѓаните на Бугарија и Република Македонија, напиша бугарскиот премиер на официјалната Фејсбук страница на Владата на Бугарија.

Бугарскиот премиер истакна дека ставот на Бугарија за европската перспектива на нејзиниот близок сосед Република Македонија е конзистентен и јасен. Според Петков, добрососедството може да донесе сериозни оридобивки не само за двете земји, туку и за целиот регион.

Кирил Петков и владина делегација предводена од него утре, 18 јануари 2022 година, ќе го посетат Скопје.

БТА