Балкан
3. October 2022 - 9:17

Кирил Петков: ГЕРБ мора да формира влада

Копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков коментира дека нема да коалицираат со ГЕРБ, која победи на парламентарните избори во Бугарија, како и со Движењето за права и слободи.

„ГЕРБ имаат огромна одговорност. Сега им е редот да формираат влада, народот им го даде мандатот “, изјави Петков од „Продолжуваме со промените “.

Асен Василев, копретседател на партијата ја честиташе победата на ГЕРБ-СДС и го призна поразот, велејќи дека тоа е избор на бугарскиот народ. ГЕРБ, според Василев, треба да ја преземе својата политичка одговорност.

„Ни претстои тешка зима. Сакам да и посакам успех на ГЕРБ во формирањето влада. Нивниот успех е успех на сите Бугари. Ако немаме стабилна влада, сите ќе страдаме. Ние длабоко не се согласуваме со начинот на кој тие управуваа со земјата, но бугарските граѓани зборуваа“, рече исто така Асен Василев .

„Продолжуваме со промената“ ќе биде опозиција на оние кои победија на изборите во Бугарија, користејќи ги парламентарните можности.