Кирил Миноски, нов министер за финансии

Кирил Миноски е новиот министер кој ќе раководи со Министерството за финансии. На оваа функција доаѓа од позицијата директор на Управата за јавни приходи.
Тој е доктор на економски науки. Има 17-годишно искуство работа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси и 13-годишно искуство во работењето на една од водечки светски консултантски компании Booz Allen Hamilton во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење и развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно окружување.
Меѓу неговите активности вклучуваат директор на Управата за јавни приходи од 2015 година, претходно од мај 2014 до ноември 2015 година беше на позицијата директор на Државниот пазарен инспекторат. Бил диркетор на проектна единица фокусирана на обнова и изградба на 23 здравствени установи во РМ во секундрното здравство и изградба на Клиничкикот центар Скопје и Клиничката болница Штип, менаџер на компонента з аизвоз, проект за унапредување на инвестирањето и извозот на УСАИД од 2010 до 2013 година, менаџер на компонента за реформа на пазарот на трудот и пензиски рефори, проект на УСАИД за унапредување на деловното окружувње 2006-2010, менаџер за финании и човечки ресурси - Проект за конкуреност на УСАИД од 2002 до 2006 година, заменик директор на Македонски банкарски проект на УСАИД од 2000 до 2002 година, менаџер на одделот за увоз во ОРКА Холдинг од 1997 до 1999 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
