Ракомет
3. November 2016 - 20:03

Кирил Лазаров: Со мудра игра до позитивен резултат во Чешка

Македонската ракометна репрезентација со победа ги почна квалификациите за Европското првенство 2018 во Хрватска. Вчеравечер совладана беше Украина со 27:21, а по дуелот селекторот Лино Червар и капитенот Кирил Лазаров со сличен став на прес конференцијата.

- Полесно е кога ќе почнеме со победа. Квалификациите се секогаш нешто посебно, задоволен сум од резултатот. Важни се само победата и двата бодови. Тргнавме добро, но, потоа одбраната од 6-0 не играше добро. На крајот бевме најдобри, а охрабрува што и новите играчи се зрели. Против Чешка ќе биде друга приказна. Треба да отспиеме и да се подготвиме. Благодарност и до публиката која не поддржа и кога не ни одеше, изјави Червар.

 Капитенот Кирил Лазаров, истакна:

- Благодарност до публиката. Салата беше скоро полна во работен ден. Украина беше потценета, но јас сметам дека тоа е тим кој може да направи изненадување. Не триумфиравме лесно, но два бода се два бода. Знаеме што не чека во Чешка. Таму треба да играме мудро за да дојдеме до позитивен резултат.  

„Црвено-жолтите“ денеска ќе тренираат во Скопје, а утре заминуваат за Чешка, каде во Плзен ќе имаат еден тренинг во попладневните часови. Натпреварот ќе се игра в сабота.