Кирил Лазаров: Сакаме победа на Велигден за своја душа
Македонската машка ракометна репрезентација ја заврши мисијата Финска и сега останува само последниот предизвик во квалификациите за Европското првенство-тоа е мечот против Швајцарија кој се игра во недела во Скопје.
Бодовите не се императив за нашиот национален тим, но селекторот Кирил Лазаров посакува победнички крај на циклусот.
-Атмосферата е одлична, верувам дека на сите ќе им биде од големо значење да ја победиме Шајцарија. Јас веќе им напоменав на играчите, Швајцарија е екстра квалитетна репрезентација која на последното СП им направи проблем на сите големи селекции. Не се работи за истата селекција што ја победивме во октомври на гостински терен, имаат многу промени во играта, составот и на тактички план. Тешко е да се подготвеш за еден ваков противник, ова е голем предизвик и за нас како стручен штаб. Останува да се подготвиме, сакаме за душа на Велигден да одиграме квалитетен меч и победничко да го затвориме овој циклус, -истакна нашиот селектор и воедно капитен, Кире Лазаров.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот