Ракомет
5. October 2015 - 8:44

Кирил Лазаров прв стрелец со 1.000 голови во ЛШ

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров прв во историјата на овој спорт постигна 1.000 голови во ракометната Лига на шампиони.
 
Десниот бек на македонската репрезентација и на Барселона овој рекорд го постигна на дуелот против ПИК Сегед во 59. минута. Лазаров во претпоследната минута го постигна петтиот гол на натпреварот, односно 1.000 во кариерата. На крајот Барселона победи 30-28
 
На вечната листа зад него се Сергеј Рутенка со 838 гола, а следуваат Карабатиќ, Илиќ и Јиха.