Кире му предложи цепелин на Раул- реакцијата на Шпанецот ја насмеа Македонија
Македонија и Германија одиграа нерешено, 25:25 во последното коло од првата фаза од Европското првенство во ракомет кое што се игра во Хрватска.
Македонските ракометари добро го започнаа натпреварот, играјќи со тактика во напад 7 наспрема 6, што се покажа успешно, а нашите ракометари успеаја да постигнат резултатска предност во првите 15 минути од натпреварот.
По првичниот налет на Македонија, следуваше период во кој што Германците се вратија во игра, имаа три поени предност, а на полувремето репрезентациите заминаа со резултат 12:11 во корист за Германија.
Второто полувреме беше многу поизедначено и се играше цврста игра, гол за гол. Македонија имаше напад за победа, но на десетина секунди пред крајот Стојанче Стоилов не погоди од линијата од шест метри.
Најефикасни во македонската репрезентација беа Кире Лазаров и Дејан Манасков со по 5 постигнати погодици. Во следната фаза која што се игра во Вараждин, Македонија оди како првопласирана и пренесува три поени.
Во самиот финиш од мечот, при последниот напад на Македонија, капитенот Кире Лазаров му предложи на селекторот Раул Гонзалес да одиграат цепелин, на што реакцијата од селекторот беше, не, не, не…
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор