Македонија
4. March 2019 - 13:45

Кирацовски за шеф на Изборниот штаб на СДСМ за претстојните претседателски избори

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е избран за шеф на Изборниот штаб за претстојните претседателски избори.

Изборниот штаб на СДСМ, заедно со останатите политички партии кои го поддржуваат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, е подготвен да организира позитивна, принципиелна, мирна и достоинствена изборна кампања во духот на демократските и европските вредности.

Политичките партии имаат обврска пред граѓаните и државата да дадат свој придонес кон фер и демократски предизборен и изборен период.

Во Република Северна Македонија ќе има кристално чисти фер, слободни и демократски избори.

На фер и демократски избори ќе победи Стево Пендаровски, кандидат за вистински претседател на сите граѓани.
 
Победата на Стево Пендаровски ќе биде уште една победа на концептот едно општество, победа на напредокот, развојот и интеграцијата.