Македонија
7. February 2016 - 16:41

Кирацовски ветува укинување на оценувањето за администрацијата

Ќе го укинеме оценувањето на работата на вработените во администрацијата, со што нема да важат казните за администрартивните службеници, најави потпретседателот на СДСМ Александар Кирацовски. 

Тој рече дека СДСМ ќе воведе европски модел за напредување според степенот на кариера што ќе зависи од годините поминати во струката и успешноста во работењето ќе носи повисока плата.

Главен критериум за вработување нема да биде партиската книшка, туку стручноста и работното искуство. Предвидени се и други позитивни мерки за администрацијата, што ќе им олеснат и на граѓаните, како што е на пример флексибилното работно време што ќе го воведеме во институциите, за што дополнително ќе зборуваме.

Кирацовски дополни дека целта на ваквите промени е квалитетна, стручна и ефикасна администрација и задоволни граѓани, нешто што треба да се постигне преку мотивација, а не со казни.