Македонија
13. January 2020 - 13:29

Кирацoвски: Поништувањето на лустрацијата ја кочи и ДУИ

Кон ВМРО-ДПМНЕ, опструкција на поништувањето на лустрацијата се придружија и ДУИ и Демократската партија на Турците поради што не може да се почне комисиската расправа за овој закон, објави претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацовски.

Најави координација меѓу владините партнери на СДСМ и ДУИ на повисоко ниво. 

Тој рече дека сепак ќе се бараат начини лустрацијата да се поништи бидејќи со тоа била нанесена неправда.

Комисијата за политички систем никако не можеш да почне со работа бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавија дека се против ваквото решение, а на седницата не дојдоа ни пратениците на ДУИ по што владејачката СДСМ не можеше да обезбеди кворум.

 
Катерина Нешкова