Кирацовски: Ако опстои бугарското вето, Димитров да си поднесе оставка
Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ и пратеник, во интервју за Фокус вели дека вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров треба да поднесе оставка доколку земјава не добие датум за преговори со ЕУ во декември.
–Зборувам за херојска и достоинствена оставка која ќе испрати силна порака дека неоправданото одолговлекување на нашата ЕУ интеграција, вон наша моќ и вина станува неприфатлива и не чини многу. Првиот аргумент кон тој потег лежи во депласираноста на неговата актуелна функција, а вториот аргумент е поврзан со наивноста да се потпише и ратификува договор со Бугарија кој нема цврсти меѓународни гаранции дека историјата останува на историчарите, а нашиот почеток на ЕУ преговорите е безусловен и независен од исходот на Комисијата за историски и образовни прашања – вели Кирацовски.
Во интервјуто, тој говори за причините за неговото повлекување од функцијата во СДСМ, за внатрепартиските состојби, за случајот „Рекет“.
Ново на Сител
-
Организаторите на настани и денеска на протест пред Владата
-
Сите ковид-пациенти имаат потреба од физикална терапија
-
Почнуваат рамазанските пости - битолскиот муфтија повикува на одговорно празнување
-
Дали ќе се нормализира работата на Собранието?
-
Антикорупциска ќе го испитува имотот на Драги Рашковски
-
ЕМА го проверува квалитетот на вакцината „Спутник В“
-
Случајот „Јавна соба“ заглавен кај Обвинителството - Нови групи шират порнографија и нудат платено членство
-
Колку работат Македонците во споредба со работниците во ЕУ и регионот?