Кирацовски: Ако опстои бугарското вето, Димитров да си поднесе оставка
Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ и пратеник, во интервју за Фокус вели дека вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров треба да поднесе оставка доколку земјава не добие датум за преговори со ЕУ во декември.
–Зборувам за херојска и достоинствена оставка која ќе испрати силна порака дека неоправданото одолговлекување на нашата ЕУ интеграција, вон наша моќ и вина станува неприфатлива и не чини многу. Првиот аргумент кон тој потег лежи во депласираноста на неговата актуелна функција, а вториот аргумент е поврзан со наивноста да се потпише и ратификува договор со Бугарија кој нема цврсти меѓународни гаранции дека историјата останува на историчарите, а нашиот почеток на ЕУ преговорите е безусловен и независен од исходот на Комисијата за историски и образовни прашања – вели Кирацовски.
Во интервјуто, тој говори за причините за неговото повлекување од функцијата во СДСМ, за внатрепартиските состојби, за случајот „Рекет“.
Ново на Сител
-
Од утре пониски температури од 7 до 10 степени
-
Угостителски објект во Стајковци работел по дозволеното време - приведени 18 лица
-
Во Хрватска потврдени два случаи од јужноафриканскиот сој
-
Филипче: Во следните неколку дена ќе се знае кога ќе пристигнат кинеските и руските вакцини
-
Повредени 4 лица во сообраќајка помеѓу автомобил, мотоцикл и мопед во Визбегово
-
Филипче: Пуштен во употреба модуларниот КОВИД центар во гостиварската болница
-
Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 114 милиони лица
-
На 1 март почнува пописот на иселениците, вработените во ДКП, затворениците и бездомниците