-->
-->
Кипчоге кај мажите и Чероно кај жените победници на Берлинскиот маратон
-->
Кениецот Елиуд Кипчоге беше најбрз на денешното издание на Берлинскиот маратон. Тој патеката од 42.195 метри ја истрча за време 2:03.32 часа, додека кај жените првото место и припадна на Гледис Чероно истотака од Кенија која имаше време 2:20.21 часа.
Истата двојка триумфираше и на Берлинскиот маратон пред две години.
Кипчоге е актуелн олимписки шампион, а во финишот на денешната трка на 44.то издание на овој маратон го победи Геј Адола кој имаше време 2:03.46 часа. Третото место му припадна на Мосинет Џермев.
Кај жените втора на целта стигна Рути Ага со време 2:20:41 часа, а трета е Валари Ајабеи со време 2:20.53 часа.
Победничкиот тандем не успеа да истрча нов светски рекорд, кој е во сопственост на Денис Кимето поставен во Берлин 2014 година - 2:02.57 часа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот