-->
-->
Kипчоге доминираше на маратонот во Лондон
-->
Кениецот Елиуд Кипчоге водеше од стартот до финишот за да ја освои својата четврта титула од маратонот во Лондон во неделата, додека британскиот фаворит Мо Фара беше само петти откако не успеа да ги предизвика фаворитите.
Кипчоге, кој минатата година го сруши светскиот рекорд на маратонот во Берлин (2:01:39), овојпат победи со второто најбрзо време во историјата од 2:02:37 пред двајцата етиопски предизвикувачи Мосинет Геремев и Муле Васихун. Фара, повеќекратниот олимписки и светски шампион на 10.000 и 5.000 метри беше далеку од својот личен рекорд.
Женската трка исто така отиде кај маратонка од Кенија, откако Бригид Косгеи по второто место лани, ја совлада актуелната шампионка Вивијан Черујот, додека трикратната победничка од Лондон, Мери Кеитани беше петта.
Косгеи, која победи и на маратонот во Чикаго оваа година, имаше време од 2:18:20, повеќе од една секунда пред Черујот, додека трета беше Етиопјанката Роза Дереје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација