Балкан
27. September 2016 - 9:15

Кипaрскиoт претседател на средба со британскиот премиер

Претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадес денеска во Лондон ќе се сретне со британската премиерка Тереза Меј, пренесува БТА. 

Во британската престолнина, Анастасиадес е придружаван од министерот за надворешни работи Јоанис Касулидис, владиниот портпарол Никос Христодулидис и од неколку други високи службеници. Ден претходно, тој оствари официјална посета на Њујорк.

Утре, Анастасиадес ја предводи делегација во посета на Париз, каде ќе има средба со својот француски колега, Франсоа Оланд.