Кипар подготвен да го активира планот за прием и репатријација на странски државјани од кризни региони
Министерството за надворешни работи на Кипар вчера ги информирало сите дипломатски претставништва и меѓународни организации акредитирани во земјата дека поради моменталната ситуација во регионот, активиран е специјалниот национален план „Естиа“ за прием и репатријација, преку територијата на Кипар, на странски државјани од кризни региони, пишува кипарската новинска агенција КИПЕ, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, кипарското МНР испратило дипломатска нота со која информира дека сите барања поврзани со конкретниот план може да се достават до Центарот за управување со кризи на Министерството за надворешни работи.
Националниот план „Естиа“ на кипарската Влада се однесува на прием, евакуација и репатријација на странски државјани од кризни подрачја преку територијата на Република Кипар.
Паралелно, во земјата е зголемено присуството на странски сили, нешто што според официјална Никозија е во рамките на хуманитарната улога на Република Кипар во поширокиот регион.
-Во врска со активностите и раздвиженоста на силите на пријателските земји на Кипар тоа е исклучиво во рамките на хуманитарната улога што ја презеде земјата во случај на активација на планот „Естиа“ и евентуалната евакуација на цивили од трети земји преку Кипар од зоните со висок ризик, соопштија од Министерството за одбрана на Република Кипар.
Истиот став го повтори и портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис во изјава за КИПЕ и во однос на пристигнувањето на американскиот воен брод на пристаништето во Лимасол, рече дека „раздвиженоста во последните денови со присуство на бродови и/ или авионите се во контекстот на хуманитарната улога што Кипар, уште еднаш е повикан, да ја одигра по последните случувања во регионот и се однесуваат на помош за евакуација, доколку се појави потреба“.
Ново на Сител
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Мицкоски: Изненаден сум од Главчев дека ќе нема промена на позициите
-
ЗНАМ го достави текстот на Платформата за национално обединување до ВМРО-ДПМНЕ
-
Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата, рекоа вработени во Улици и патишта